Хамас ја обвинува израелската армија за кражба на органи од тела на убиени Палестинци

Властите на Хамас во Газа денеска го обвинија Израел за кражба на органи од телата на Палестинците предадени на Хамас и повикаа на меѓународна истрага.

Според Хамас, при прегледот на телата било откриено дека нивната форма била значително изменета поради кражба на витални органи, пренесува Анадолија. Се додава дека израелската армија ги предала телата без имиња и одбила да прецизира од каде се донесени, поради што Министерството за здравство на Газа сè уште се обидува да ги идентификува.

Хамас, исто така, го критикуваше „молкот на меѓународните организации кои дејствуваат во Газа, вклучително и Црвениот крст, во врска со „таквото страшно злосторство од страна на окупаторите“.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху

Израелските власти вчера предадоа тела на 80 Палестинци кои беа убиени од израелската армија и заробени за време на копнената офанзива во Газа. Министерството за здравство во Газа ги прими телата преку граничниот премин Керем Шалом на југот на Појасот Газа.

Израелските власти сè уште не ги коментирале наводите на Хамас.

МИА

- Реклама -