Хамас го повика Трамп да учи од грешките на Бајден

Високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри, изјави дека републиканскиот кандидат Доналд Трамп, кој денеска победи на претседателските избори во САД, ќе биде тестиран за неговите тврдења дека може да ја заврши војната во Газа за неколку часа по преземањето на функцијата.

-Го покануваме Трамп да научи од грешките на претседателот Џозеф Бајден, рече Абу Зухри.

Доналд Трамп денеска прогласи победа на претседателските избори во САД.

Тој му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека сака Израел да ја прекине војната во Појасот Газа додека тој се врати на функцијата доколку победи на изборите, објави „Тајмс оф Израел“ минатиот месец, цитирајќи поранешен функционер од администрацијата на Трамп и израелски функционер.

Прочитајте и:  Трамп го критикуваше Бајден за помилувањето на синот Хантер
- Реклама -