Хамас го пофали јужноафриканскиот правен тим во Хаг, Израел го критикува

Палестински Хамас го пофали правниот тим на Јужна Африка, кој денеска во Меѓународниот суд на правдата во Хаг ја претстави тужбата против Израел за геноцид.

Во краткото соопштение на Телеграм, се наведува дека Јужна Африка ја докажува „својата принципиелна позиција во знак на поддршка на нашиот палестински народ и дека ги отфрла бруталните злосторства на окупаторот (Израел) врз нашиот народ“.

Исламската екстремистичка организација изрази надеж дека случајот најрво ќе доведе до крај на тримесечното израелско бомбардирање на Газа, а потоа Израел ќе биде кривично гонет под обвинение за геноцид.

Во меѓувреме, израелските политичари остро го критикуваат рочиштето на кое Израел беше обвинет за геноцид во војната против Хамас.

Во видео соопштението на платформата „Икс“, лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид оцени дека „не е Израел тој кој денес е на судење, туку интегритетот на меѓународната заедница“.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант

„Ако земјата која се штити од брутален убиствен терористички напад може да се најде пред суд за геноцид, тогаш конвенцијата за геноцид стана награда за тероризмот и антисемитизмот. Наместо да им суди на убијците, светот им суди на убиените“, рече Лапид, алудирајќи на нападот на Хамас на 7 октомври.

Со ваквата оценка се согласи и израелскиот министер за економија по средбата со германскиот вицеканцелар Роберт Хабак во Ерусалим, додавајќи дека новиот тип на антисемитизам е спротивставување на Израел.

Министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир изјави дека „бунтовниците никогаш не учествувале во такви гнасни лаги“, пренесуваат израелските медиуми.

МИА

- Реклама -