Хамас ги повика арапските, исламските земји и ОН да го запрат нападот на Израел врз Газа

Официјалниот претставник на Хамас, Осама Хамдан денеска ги повика арапските, исламските земји и Обединетите нации да се обидат да го запрат нападот на Израел врз Газа.

– Ги повикуваме арапските и исламските земји и Обединетите нации да одговорат на своите морални одговорности и да ја запрат (израелската) агресија, изјави Хамдан, пренесува Ал Џезира.

На денешната прес-конференција во Бејрут, тој повика да се отворат премините за хуманитарна помош, со што ќе се овозможи достава на гориво, помош и опрема за отстранување на урнатините во Газа.

Хамдан, кој е член на политичкото крило на Хамас задолжен за односи со странство, исто така, побара од арапските земји да запрат со каква било нормализација на дипломатските односи со Израел. Тој ги повика арапските и муслиманските земји „да ги прекинат односите со државата окупатор и да ги повлечат своите амбасадори“.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег

Извор: МИА

- Реклама -