Хамас ги повика арапските и муслиманските земји да го принудат Израел да ја прекине својата „агресија“

Палестинското исламистичко движење „Хамас“ ги повика вчера арапските и муслиманските земји да ги исполнат изјавите дадени истиот ден на нивниот самит во Ријад и да го принудат Израел да ја прекине својата „агресија“.

-Потврдувањето на националните права на нашиот народ, од кои првото е формирање на независна палестинска држава со главен град Ерусалим, бара итни напори и практични решенија за да се принуди (Израел) да ја запре својата агресија и геноцид врз нашиот народ, рече Хамас.

„Палестинскиот народ чека од своите браќа во земјите на Лигата на арапските држави и Организацијата за исламска соработка за итна примена во пракса на одлуките донесени денеска, како и активирање на сите расположливи инструменти за ставање крај на израелската агресија во Газа“, се вели во соопштението на групата.

Прочитајте и:  Израелскиот МНР: Проектот палестинска држава не е релаен

„Хамас“ изразува и надеж дека земјите од арапските и муслиманските земји ќе можат „да им пружат помош на жителите на Газа за ставање крај на блокадата на енклавата“.

- Реклама -