За црвениот килим на премиерата на најновиот филм „The Call“ Хали Бери се појави во тесен црн фустан што ги открива сите недостатоци на телото.
Актерката секогаш одбира долги тесни тоалети кои ѝ ласкаат на нејзината заводлива фигура.
Но и покрај совршенството, единствениот дел од телото што оваа актерка ретко го открива се нозете, па претставува вистинска реткост да ја видиме во кратки фустани, како овој на фотографиите.