Супер-лепакот е мошне корисна алатка во домот, а иако е прилично силен, постои можност да го направите уште подобар.
Лепакот лепи речиси инстантно кога ќе дојде во контакт со хидроксилните јони во водата. Кога ова се случува, молекулите формираат „ланци“ кои сочинуваат многу силна и издржлива пластична смеса, која постепено се стврднува. Благодарение на фактот што огромен дел од материјалите околу нас содржат барем трага од вода на нивната површина, делумно заради водата во воздухот, додавањето вода на овие објекти најчесто не е потребно, но сепак, ќе помогне да се создаде посилна врска (подобро лепење) ако додадете малку пред нанесувањето на супер-лепакот. Ова најлесно ќе го направите со спреј-шише.