Хакет: За роботи на патиштата ќе треба да почекаме

Извршниот директор на Ford, Џим Хакет, не верува дека роботите ќе го преземaт управувањето со автономни автомобили во блиска иднина. Во интервју, Хакет објасни дека моментално поважни се секојдневните проблеми со кои се соочуваат возачите – паркирање и густ сообраќај.

– Според мене, погрешно е да се мисли дека роботите ќе бидат идеални возачи, а луѓето ќе си дозволуваат и натака, во една ваква ера на нови технологии, премногу грешки, објасни Хакет, кој пред да го преземе раководството на Ford беше на чело на единицата на автономни технологии на компанијата.

Хакет, меѓу другото, објави дека  ги искористил своите први 100 дена на функцијата главно за да ги постави плановите на Ford за идно производство, а тука спаѓа и воведувањето на автономни технологии од Ниво 4. Ваквите остварувања треба да стигнат до сериско производство во 2021 година.

Хакет призна дека некои од противниците на Ford во развојот на автономните технологии имаат предност во однос на собирањето на податоци со користење на оперативните системи на смартфони и други мобилни уреди. Што значи, според Хакет, дека компанијата треба да стори повеќе за да открие што сакаат неговите клиенти. А за тоа треба време.

Автоплус

- Реклама -