National Geographic уште еднаш ги покани фотографите да учествуваат на конкурсот и да конкурираат за титулата National Geographic Travel Photographer of the Year.
Победникот и добитникот на големата награда ќе добие престижна титула, но и 7-дневно фото-сафари меѓу поларните мечки. Конкурсот завршува на 27 мај, а во меѓувреме, организаторите дозволуваат мал увид во некои од фотографиите на овогодинешните натпреварувачи.