Иако денешниот Ден на шегата (и маските) втора година по ред поминува во сенка на пандемијата, скопјани денеска имаа можност да се потсетат колку радост носи овој ден, особено за најмладите, за кои и научно е докажано дека се најголеми преносители на овој чуден „вирус“ кој прави да ви блеснат очите и да ја развлечете устата од уво до уво.
Имено, дечињата од скопската градинка „Светот на Колорес“, маскирани како кученца од цртаниот филм „101 далматинец“, гордо продефилираа по дел од скопските улици, отпоздравувајќи на минувачите, видно задоволни од возвратените насмевки и тоа што се во центарот на вниманието.
За оние што не беа среќлии да ги видат одблизу и да се израдуваат на нивните „ав, ав“, повелете неколку фотографии и едно преслатко видео.