Холандскиот трговски ланец Kruidvar се извини што продавал детски боенки во кои на една од сликите за боење бил и Адолф Хитлер. Боенките се повлечени од продажба веднаш штом е откриена „непримерната слика“.
А на сликата е Хитлер, кој поздравува со подигната рака, додека на левата носи црвена лента со кукаст крст.
Компанијата сега истражува како воопшто се нашла сликата во боенката, „и покрај бројните проверки на содржината“. Надлежните не се достапни за коментар и не знаат колку примероци се продадени.