42-годишниот супермодел Хајди Клум веќе не ја крие страсната врска со новото 29-годишно момче Вито Шнабел.
Тоа јасно се гледа од најновите фотографии кои папараците успеаа да ги направат деновиве. Хајди и нејзината нова љубов беа начекани додека се сончаат на италијанскиот остров Сардинија.
Од кадрите се гледа дека Хајди воопшто не ја крие страста на јавно место. Напротив, таа се прегрнува со својата нова љубов, го бакнува и не се срами од ништо.