Германската манекенка Хајди Клум и британскиот музичар Сил, се разведоа поради „непомирливи разлики“, но и понатаму се во одлични односи.
Некогашните сопружници и нивните пет деца, поминаа вистински семеен викенд, а не изостана ни размената на нежности и бакнежи.
Хајди и Сил се венчаа во 2005. година и останаа во брак седум години. Иако атрактивната манекенка е во нова врска, поради децата негува коректен однос со Сил.