Хајди Клум како рокерка во новиот спот (видео)

Популарната германска манекенка Хајди Клум ја сними песната насловена „Turn Up The Night“, а за неа изработи и видео-запис, во кој глуми рокерка која ужива во ноќните излегувања, алкохолот и тетовирањето.

Идејата за овој спот ја добил британскиот фотограф Ренкин, кој ја фотографирал Клум за списанието „Хангр“. Убавицата ги испробала и своите пејачки вештини, а се чини дека Хајди одлично се снаоѓа со стиховите што ги напиша Иан Лав.

Клум во спотот танцува на шипка облечена во кожена лента, пие пиво и се тетовира.

{youtube}kKBIwDAZI_4{/youtube}

- Реклама -