Хајди Клум обожава да се сонча гола

Германскиот топмодел Хајди Клум открива дека повеќе сака да седи на сонцето  како од мајка родена, бидејќи мрази да фаќа тен на делови.

„Голотијата е слобода и е здраво. Покрај тоа така фаќате  тен без разлики по телото. Не чувствувам никаков срам и грижи, кога ќе легнам  на плажа без облека. Моите родители беа  нудисти и ме научија дека голото тело е убаво и во него нема ништо срамно “, вели германската супермоделка.

„Кога го кажувам ова, луѓето се смеат. Но тоа си е нивен проблем. Моите сфаќања нема да се променат. Пораснав по нудистички плажи. И досега, кога одам на плажа, се сончам  без костим. Не ми се допаѓа кога по моите гради остануваат бели ленти. Чстопати ме начекуваат папараците, но немам проблем со тоа“.

Дури на 41 година Клум продолжува да  биде повикувана за модни ревии.

„Ако се стави до мене некое 20-годишно девојче, се разбира, дека ќе ја  видите разликата. Но јас не се обидувам да изгледам помлада. Зашто не сум”.

Во Моментов Хајди е во врска со   27-годишниот Вито Шнабел.

- Реклама -