Хачапури – Рецепт

Хачапурите припаѓаат на грузиската национална кујна, многу се популарни не само во Грузија туку и пошироко, веројатно затоа што се навистина многу вкусни. Самиот збор,  хачапути е составен од два збора: „хачо“ што значи урда и „пури“ што значи леб. Не постои еден единствен рецепт за хачапури. Тестото може да биде киснато (со квасец) или со сода бикарбона односно пашок за печење. Може да се замесува со млеко, јогурт или кисело млеко. Хачапурито може да се пече во рерна или да се пржи во тава. Како фил може да се користи урда, сирење, кашкавал, а може и месо па дури и риба. Може да биде затворена или отворена. Ако е отворена може да биде со јајце или без јајце. Секој си го прави според сопствениот вкус, желба и потреба. Еве го мојот модифициран рецепт за затворен хачаури.

Состојки:

800 г брашно
500 мл јогурт
1 јајце
100 г путер (растопен)
3-4 лажици масло за готвење
1 коцка свеж квасец
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
750 г сирење или урда (состојки за фил)
1 белка (состојки за фил)
1 жолчка за премачкување (состојки за фил)

Од сите наведени состојки за тестото, на вообичаен начин се прави меко тесто кое обично може по малку и да се лепи за рацете. Тестото се покрива со пластична фолија (за да не се создаде корка) и се остава најмалку 1 саат да кисне (можеби и нема многу на нарасне, но тоа не е грешно).

2. Додека тестото кисне се припрема филот. Сирењето се ренда на ренде, се додава 1 јајце и 1 белка (втората жолчка ќе служи за премачкување) и добро се хомогенизира.

3.Нараснатото тесто се става на добро набрашнета површина и уште еднаш кратко се измесува, се дели на 12 дела и се формираат 12 топче (секое топче ќе тежи околу 120 – 130 г). Филот исто така се дели на 12 топчиња.

4.Од секое топче од тестото се формира мал катмер, а во средината се става топчето од филот.

5.Со помош на рака се залепуваат страните така што филот да биде покриен со тесто. Оформената топка се завртува со залепениот дел одоздола. Така се постапува со сите 12 топки.

6.Секое топче најпрвин се притиснува т.е смачкува со рака.

7.Потоа, со помош на оклагија, се расукува круг (мал хачапури) и се сместува во тава обложена со хартија. И така со сите 12 топки.

8.Според мојата големина, во една тава од рерната може да се наредат 4 хачапури. Секоја пита се премачкува со жолчка, се посипува со сусам, ким или афион (по сопствена желба) и се оставааат малку да одморат или се додека не се загрее рерната.

9.Се печат во загреана рерна на 200 степени, околу 15 минутиили додека ја променат бојата, односно малку поруменат.

via

- Реклама -