Хабек: Земјите од Г-7 ги отфрлаат руските барања за плаќање во рубљи

Берлин, 28 март 2022 (МИА) – Водечките светски економии ги отфрлаат руските барања за плаќање во рубљи за увоз на гас, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек.

Говорејќи по онлајн состанокот со министрите за енергетика на Г7, со кој тој претседаваше, Хабек рече дека министрите се согласиле дека барањата за плаќање во рубли се „еднострано и јасно прекршување на постоечките договори“.

„Договорите што беа склучени сѐ уште важат“, рече тој. „Ова значи дека плаќањето во рубли не е прифатливо“, рече тој.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека „непријателските држави“ ќе мора да платат за гас во руски рубљи, во потег кој очигледно е дизајниран да ја зајакне локалната валута која се бори.

Прочитајте и:  Лавров: Зеленски се исплаши од одговорот на Русија

Очигледен е обидот на Путин да не подели, рече Хабек.

– Нема да бидеме поделени, а одговорот на земјите од Г7 е јасен: договорите ќе се почитуваат.

- Реклама -