Хаарец: Нетанјаху исклучен од најголемата еврејска конференција во Северна Америка

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху првпат не беше поканет на годишната конференција која ги собира еврејските федерации во Северна Америка, објави израелскиот весник „Хаарец“ на платформата Икс.

Весникот наведе дека изоставувањето на поканата за Нетанјаху е одраз на поделбите во САД околу неговата личност, дури и меѓу еврејските организации, кои обично се воздржуваат од критика кон израелскиот премиер и неговата влада.

Истото го потврдија и весникот „Једиот Ахронот“, кој истакна дека оваа одлука за исклучување на Нетанјаху ги открива тензиите во односите меѓу еврејските заедници и организациите и коалицијата на Нетанјаху, особено по излегувањето на Бени Ганц од владата и смената на министерот за одбрана Јоав Галант.

Прочитајте и:  Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел

На најголемиот годишен собир на еврејските лидери во Северна Америка, Израел ќе биде претставен од израелскиот претседател Исак Херцог. Оваа конференција, која започна вчера во Вашингтон, е еден од главните настани за еврејската заедница во САД.

- Реклама -