Гвинет Палтроу воодушевена од убавината на Миранда Кер

Иако Гвинет Палтроу неодамна беше прогласена за најубава жена на светот, таа и се восхитува на австралиската манекенка Миранда Кер.

Според мислењето на тимот на магазинот „People“, Гвинет е прогласена за најубава жена во светот. Сепак, актерката не се сложува со ова мислење, и открила колку е воодушевена од Миранда Кер.
„Таа носеше креација на Мајкл Корс. Беше прекрасна и во духот на панкот. Толку е убава што тоа не е нормално“, изјави Гвинет.

Нормално, актерката не можеше да издржи и да не го сподели својот впечаток, лично со Миранда, која ја сретна на Гала вечерта.
„Ја прашав, зарем неа не и е чудно што е толку убава, а таа се насмевна и ми рече дека не и е“, заклучи Гвинет.

Дали и вие мислите дека Миранда е толку убава?

- Реклама -