Опсесијата со храната и изгледот, која ја во младите денови ја чинеле и здравствени проблеми, актерката Гвинет Палтроу ја замени со здрав начин на живот кој вклучува вежбање и здрава исхрана.
На промоцијата на нејзината четврта книга со рецепти „It’s all good“ во Лос Анџелес Гвинет со својот изглед беше најдобрата реклама.
Таа се појави во краток црно-бел фустан со долги ракави и затворено деколте украсен со црн ремен со бели бисери.
Лежерниот фустан во прв план ги стави мускулестите нозе на актерката што се резултат на секојдевниот тренинг што веќе неколку години го практикува со познатата тренерка Трејси Андерсон.