Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола се осврна на синоќешниот пораз од Спортинг (1:4) во натпреварот од 4. коло на Лигата на шампионите.
– Тешко е да се објасни што се случи. Почнавме добро, имавме многу добро прво полувреме. Но, во фудбалот треба да давате голови. Не треба да се жалиме. Противникот заслужено победи, изјави Гвардиола за сајтот на УЕФА.
По четири натпревари во елитното фудбалско натпреварување, Манчестер сити е на 6. место во поредокот со 7 бодови. На 27 ноември тимот на Гвардиола ќе игра против Феенорд.
Спортинг е втор со 10 бодови.