Манчестер, 26 август 2021 (МИА) – Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола планира да го напушти англиски првак Манчестер сити откако во 2023 година ќе му истече договорот и се надева дека потоа ќе има селекторски предизвик.
Плановите на 50-годишниот Гвардиола, како што пренесува Би-би-си, се по завршувањето на неговиот седумгодишен престој во Сити прво да земе одмор.
„Мислам дека малку ќе запрам. Мислам дека ќе морам да земам одмор и да направам ретроспектива“, изјави Гвардиола.
„Мојот следен чекор потоа ќе биде репрезентација, ако тоа биде возможно. Би сакал да водам некоја јужноамериканска репрезентација, или пак европска. Сакам да играм на Копа Америка, го посакувам тоа искуство“, додаде Гвардиола.