Манчестер, 21 август 2021 (МИА) – Главниот стратег на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е меѓу неколкуте менаџери во Премиер лигата кои ги повикуваат играчите да се вакцинираат против „Ковид-19“.
Како што пренесува „ББС“, Гвардиола изјавил дека „не е вистинската личност“ за да ги убеди, но, треба да бидат свесни дека тоа го прават за да го заштитат семејството и остатокот од општеството.
– Мислам дека најдобриот начин е да им се објаснат придобивките или недостатоците од вакцинирање, за себе, за нивните семејства и за остатокот од луѓето што работат тука и на улица. После тоа, секој ќе одлучи, изјавил Гвардиола.
Дополнува дека кога сите научници, сите лекари, сите големи специјалисти за медицината велат дека е вакцинирањето единственото решение за искоренување или помагање да се продолжи напред по оваа двегодишна пандемиска ситуација, смета дека треба да размислат за тоа.
Соработниците менаџери Микел Артета, Нуно Еспирито Санто, Стив Брус и Греам Потер, исто така, ги повикаа играчите да се вакцинираат.