Гвардиола: 19 награди за 10 години не е занемарливо

Гвардиола самоуверено го најавува финалето на ФА Купот

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, со голема самодоверба го најави финалето на ФА Купот против Челси, кое денеска ќе се одигра на „Вембли“ од 16 часот. Шпанскиот стратег, запрашан за шансите да ја прекине непријатната серија порази во последните две финалиња на ФА Купот, одговори во својот препознатлив стил.

„Деветнаесет трофеи за десет години во Сити не се лоши. Не мора да чекаат моето заминување за да увидат дека им беше убаво со мене… Беше навистина интересно! Сега се борам за 20. трофеј со Сити. Не е лошо“, изјави Гвардиола.

Манчестер Сити по третпат по ред игра финале на ФА Купот, после неуспесите против Манчестер Јунајтед и Арсенал во претходните две изданија. Оваа сезона, Гвардиола веќе го освои Лига Купот, а неговиот тим и натаму е во трка за титулата во Премиер лигата. Со две кола до крај, Арсенал има два бода предност пред Сити.

Прочитајте и:  Кога еко-активизмот станува пречка за напредокот?

Ако успеат да ја освојат Премиер лигата и ФА Купот, Манчестер Сити би можел да постигне историска двојна круна оваа сезона.