Протекторатот на ОН во Газа по војната не би бил решение, оцени денеска генералниот секретар на светската организација Антонио Гутереш и се заложи за „транзиција“ во која ќе бидат вклучени повеќе актери, како што се САД и арапските земји.
„Оваа трагедија може да се претвори во можност, а за тоа да биде возможно, неопходно е по војната решително и неповратно да се движиме кон решение“, изјави Гутереш.
Ова, според него, се постигнува преку зајакната палестинска управа, преземање на одговорностите во Газа.
„Но, палестинската управа не може да дојде во Газа со израелски тенкови“, додаде тој и рече дека меѓународната заедница треба да обезбеди транзициски период.
Тој смета дека протекторатот на ОН во Газа не е решението.
„Мислам дека ни треба пристап со повеќе засегнати страни, во кој различни земји, различни ентитети ќе соработуваат“, рече тој.
Тој прецизираше дека меѓу актерите ќе бидат САД кои ќе бидат гарант за безбедноста на Израел и арапските земји од регионот кои им се неопходни на Палестинците.
МИА