Гутереш повика на четиридневен велигденски прекин на огнот во Украина

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повика на четиридневен велигденски хуманитарен прекин на огнот во Украина, почнувајќи од 21 април.

Гутереш го даде предлогот во седиштето на ОН, велејќи дека прекинот на огнот ќе овозможи евакуација на цивилите од „подрачјето на сегашна или очекувана конфронтација“ и испорака на хуманитарна помош во области како што се Мариупол, Доњецк, Луганск и Херсон.

Тој посочи дека ОН се подготвени во тој период да испратат конвои со хуманитарна помош на тие локации.

„Четиридневниот велигденски период треба да биде момент за обединување околу спасување животи и понатамошен дијалог со цел да се стави крај на страдањата во Украина“, рече Гутереш.

Прочитајте и:  Трамп му се јавил на Путин, разговарале за брзо решавање на војната во Украина

Инаку, руските сили денеска го зазедоа првиот град во источна Украина како дел од новиот, многу голем напад, кој официјален Киев го опиша како битка за Донбас. Висок американски функционер, пак, изјави дека САД ги сметаат сегашните акции на руските сили за вовед во уште поголеми офанзивни операции во источна Украина.

Извор: МИА

- Реклама -