Гутереш ја осуди руската употреба на тешко оружје во нападите врз Украина

Њујорк, 1 март 2022 (МИА) – Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја осудува руската употреба на тешко оружје во нападите врз Украина, изјави неговиот портпарол.

„Генералниот секретар е многу загрижен за употребата на тешко оружје против урбаните центри во Украина“, рече Стефан Дјужарик во Њујорк.

Советот за човекови права на ОН соопшти дека досега се убиени најмалку 136 цивили.

Дјужарик, сепак, рече дека најверојатно имало голем број непријавени случаи на загинати лица.

Прочитајте и:  Захарова: Новата американска база во Полска одамна е на листата на приоритетни цели за уништување
- Реклама -