Денеска ви предлагаме јунешки гулаш со пиво со кој сигурно ќе го изненадите целото семејство.
Состојки: 1 кг. јунешко месо, 5 главици кромид, 2-3 лажици брашно, 100 мл. зејтин, ловоров лист, зачин Ц,бибер, сол, 200 мл. пиво
Подготовка: Месото исечете го на коцки, извалкајте го во брашното и ставете го да се пржи во загреан зејтин.Додадете го исецканиот кромид и пржете го заедно со месото. Додете го зачинот, солот, биберот и ловоровиот лист и на крај додадете го пивото. Додадете вода и оставете го јадењето на тивок оган додека месото не омекне. Гулашот послужете го со печен компир или тестенини.