Гума за точак што не се дупнува

airless-flat-free-tire-bike-nexo-16[1]

Точак е супер, ама дупната гума не е. Не е ни стравот од дупната гума, кој подразбира задолжително носење на алат, лепенки и пумпа. Ама од компанијата Nexo велат дека го имаат решението.

Не дека гумите што не се дупнуваат се новост, ама не се многу користени заради лошата издржливост и лошата амортизација при апсорпција на ударите. Канадската компанија тврди дека нивните гуми го решаваат и овој проблем; Имено, направени се од мешавина од полимери која наводно нуди перфектен баланс од амортизација, отпорност и издржливост. Доаѓаат во два типа: едните се гуми што можат да се постават на веќе постоечко тркало и имаат животен век од околу 5.000 километри, а другите го заменуваат целото тркало и траат до 8.000 километри.

airless-flat-free-tire-bike-nexo-8[1]

Згора на тоа, гумите на Nexo се направени од еден единечен материјал, што ги прави многу лесни за рециклирање. Се проценува дека годишно се фрлаат околу 10 милиони тони гуми (внатрешни и надворешни) за точак. Со тоа, Nexo го решаваат и овој проблем.

безвоздушен-рамен слободен гуми велосипед Nexo-15

Повеќе информации ќе најдете на Kickstarter страната на проектот: ЛИНК.

- Реклама -