Gulp, стоп-анимација за еден рибар (видео)

рибарПред 11 месеци Aardman Animations ја создале ‘Dot’ ,најмалиот лик во стоп-анимација во светот, сега тие сакаат да постават нов рекорд. Поточно, рекордот за најголема сцена за стоп-анимација. Тие го создале филмот Gulp користејќи 1022 метри квадратни од плажа во Велс.

За создавање на кусиот филм кој трае само минута и половина им била потребна една недела на брегот кај Пендин Сендс во јужен Велс. Целиот филм е снимен со Nokia N8 смартфони поставени на кран на висина од 36 метри. Дизајнери создале рибарски брод во природна големина за снимањето, и додека рибите, птиците и морето биле создадени со гребла, рибарот е вистинска, екстремно трпелива, личност. Делови од снимањето можете да видите тука.

{vimeo}26877221{/vimeo}

- Реклама -