Google го лансираше според нив , најмоќниот и најспособниот модел за вештачка интелигенција досега . Ова доаѓа по големиот притисокот врз компанијата да одговори како ќе заработи од вештачката интелигенција.
Уште откако беше претставен „Бард“, првиот чет-бот за вештачка интелигенција на „Гугл“ се шпекулираше дека ќе има негова надградба.
Јазичниот модел „Gemini“ доаѓа во неколку верзии. Основната верзија е достапна бесплатно во „Бард“, иако засега само во САД. Најмалиот модел („Нано“), ќе биде интегриран во телефонот „пиксел 8 про“, додека верзијата „Ултра“ ќе биде надградба на постојниот модел „про“. Освен тоа, „Gemini pro“ за професионалците и програмерите ќе биде достапен од 13 декември.
Компаниите и претпријатијата би можеле да го користат за понапредна работа со услугите на клиентите преку чет-ботови и препораки за производи, како и идентификување на трендовите за компаниите кои сакаат да рекламираат производи.
Gemini може да се користи и за креирање содржина ако компанијата сака да креира маркетинг кампањи или блог содржина, како и апликации за продуктивност кои можеби ќе сакаат да резимираат состаноци или да генерираат код за програмери.
Компанијата даде примери за работењето на Gemini, вклучително и прикажување како корисниците можат да направат скриншот од графикон и да анализираат стотици страници од истражувањето. Друг пример беше анализата на фотографија од домашната задача по математика на една личност и идентификувањето на точните одговори и посочувањето на неточните.
Gemini Ultra е првиот модел кој ги надминува човечките експерти, кој користи комбинација од 57 предмети како што се математика, физика, историја, право, медицина и етика за тестирање и на светското знаење и на способностите за решавање проблеми.
„Gemini’’ е резултат на големи заеднички напори на тимови низ Google, вклучувајќи ги и нашите колеги од Google Research“, напиша извршниот директор Сундар Пичаи во средата. „Изграден е од темел за да биде мултимодален, што значи дека може да генерира и беспрекорно да разбере и да комбинира различни видови информации, вклучувајќи текст, код, аудио, слика и видео“.
Одсега , четботот на Google, Bard, ќе го користи Gemini Pro за да помогне со напредно планирање, разбирање и други способности. На почетокот на следната година, компанијата ќе го лансира „Bard Advanced“, кој ќе користи Gemini Ultra, изјавија директорите на разговор со новинарите во вторникот. Тоа го претставува најголемото ажурирање на Bard,чет-бот сличен на ChatGPT.
На прашањето дали Google планира да наплаќа за пристап до „Bard Advanced“, генералниот менаџер на Google за Bard, Сиси Хсијао, рече дека е фокусиран на создавање добро искуство и сè уште нема никакви детали за монетизација.
Од „Гугл“ најавуваат дека ќе продолжат да интегрираат модели на вештачка интелигенција во своите услуги, како огласите, прелистувачот итн. „Бард“ е достапен на англиски јазик во повеќе од 170 пазари, меѓу кои не се земјите од ЕУ и Обединетото Кралство поради правни причини.
Извор: https://www.cnbc.com/2023/12/06/google-launches-its-largest-and-most-capable-ai-model-gemini.html