ГШ на украинската војска: Русија вчера загуби рекордни 2.030 војници, најмногу во еден ден досега

Генералштабот на вооружените сили на Украина денеска лиферува информација дека руските сили и натаму секој ден трпат огромни загуби во персонал и опрема во војната.

Генералштабот на украинската војска на својата страница на Фејсбук денеска објави дека руските сили само во последните 24 часа изгубиле 2.030 војници, меѓу кои се сметаат и загинати и ранети и повеќе од 300 парчиња оружје и воена опрема.

Наведената бројка не можеше да добие независна потврда, а загубите на боиштата е тешко да се проценат. Но, доколку бројката е точна, тоа е рекорден број руски загуби за 24 часа, што ја надминува бројката од 1.950 убиени и ранети, што Украина ја објави на 12 ноември.

Прочитајте и:  Блинкен: Посилен, поголем и порешителен НАТО е најдобра гаранција против војната и за колективната безбедност
- Реклама -