Грушко: Русија и НАТО целосно ја прекинаа соработката

Русија и НАТО во целост ја прекинаа цивилната и воената соработка, вели рускиот заменик шеф на дипломатијата – Александар Грушко за „Спутник“.

Според него, причината е што НАТО алијансата отишла предалеку во ескалацијата на судирот со Русија. Тој вели дека НАТО е тој што одбил конструктивен разговор, па поради тоа сега нема ни трага од таков. Засега, вели Грушко, нема сигнали ниту дека НАТО размислува за излез од ваквиот ќорсокак.

Според него, денешниот однос на Русија и НАТО најмногу потсетува на, парадоксално, токму времето кога е и основана Северноатлантската алијанса – т.е. во очи на Студената војна.

Грушко оценува и дека денес се фрла нова дамка врз тн. Армелова доктрина, која повикува на воздржување и дијалог. „Армеловата доктрина“, формирана 1967 година, предвидува силна одбрана, но истовремено и добри дипломатски односи до државите од Варшавскиот пакт. Исто така, таа ги отвори вратите за намалување на тензиите меѓу Истокот и Западот на почетокот на 70-тите години.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

„Само што, во таа формула сега има многу воздржување, а малку дијалог“, оценува Грушко.

Тој истакна дека Русија нема намера да учествува во трката за зголемување на воените буџети, како што тоа го прават земјите од НАТО. Според него, вкупните воени трошоци на членките на Алијансата минатата година надминале милијарда долари, што, тврди тој, е 22 пати повеќе од сумата што Русија ја троши за одбрана.

 

 

- Реклама -