Еден нуркачки тим имаше неповторлива средба со необичен морски гигант. Ерик ван дер Гот, дел од тимот, го опиша искуството како нешто што се случува еднаш во животот. Нуркачите налетале на рибата Мола-Мола, позната како , додека нуркале на 15 метри длабочина во близина на островот Гозо во Средоземното Море, дел од Малтешкиот архипелаг.
Инаку, Мола-Мола е позната и како „океанска риба-сонце“, а личи на огромен балон. Таа е најтешка меѓу коскените риби, а тежи повеќе и од 5 тона. Живее во умерени тропски води, а важи за питомо животно, и покрај тоа што е огромна. Специфично за Мола-Мола е што не може да ја затвори устата.