Утрово Груевски со лисици беше доведен во судот во Будимпешта, кој го разгледуваше барањето на земјава за негова екстрадиција. По неполн час, Груевски замина од судот исто како што дојде – со бејзбол капче и прочуените Мајбах очила за сонце, но без лисици на рацете и со пресуда дека екстрадицијата не се прифаќа.
Снимките и фотографиите од пристигнувањето на Груевски во судот ја возбудија македонската јавност, но без потреба, порача пред неколку минути експремиерот преку статус на својот Фејсбук профил:
„Денеска спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако кpиминaлнaта и peкетapска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција.
Cyдот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати“, напиша Груевски.