Груевски: Ме осудија од љубов и хуманост, а Заев не го фермаат

По пауза од 15-тина дена, кога Груевски на Фејсбук се пожали дека неговите и жалбите на Јанкулоска се чуваат во фиока, денеска, 1-ви април, тој повторно укажа на, според него, двојните аршини и зависноста на македонското судство.

„ …најверојатно апелациските судии и Кацарска во Основниот суд претходно брзаа да го решат предметот ‘Тенк’ за да не ме држат во неизвесност и во исчекување. Тоа е преголема почит, да ми помогнат, од љубов, хуманост и човекољубие…

А ова што го развлекуваат за Заев по година, две и повеќе е за да го измачуваат. Да види тој како е година две да не ти го решаваат предметот, па дури потоа да те ослободат.

Интегритет покажуваат. Не го фермаат. Го ослободуваат и чао, кој го прашува, не му се плашат!

Сега после избори, или ако сакаат уште малку да го мачат можеби и подоцна, кога ќе му ‘треснат’ на Заев една ослободителна пресуда на маса овие од апелација, ќе ја засенат и Кацарска…

Па изнервиран тој од нив, кога ќе фати да ги унапредува, има лом да биде…“, пишува Груевски.

- Реклама -