На конгресот во Валандово, Никола Груевски беше избран за почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ и за тоа доби соодветна плакета.
Прогласувањето за почесен претседател на Груевски се должи, според партијата, на фактот што тој донесе десет последователни изборни победи за ВМРО-ДМПНЕ, како и на значајниот напредок кој партијата го забележа во однос на бројот на членството и финансиската моќ.
Поради неприсуството на некогашните блиски луѓе, меѓу кои Илија Димовски, Антонијо Милошоски, Владо Пешевски, но и поради неодамнешниот пораз на локалните избори, Груевски обвини дека во партијата имало нелојалност и предавство.
„Мартин Протоѓер, мојот најблиски соработник кој ги знае тие игри, ми раскажа како него му кажале дека Никола Груевски дојде за лидер со нож во грб, и заминува со нож во грб. Јас го коригирав: Не заминав со нож во грб, туку со повеќе, и тоа не ножеви, туку ножиња“, рече Груевски пред присутните на конгресот.