Груевски не сака да ги коментира исклучувањата, но посакува силно ВМРО-ДПМНЕ

Во изјавата за медиумите по завршувањето на денешното рочиште за предметот „Титаник“, експремиерот Никола Груевски не сакаше да ги коментира исклучувањата на функционери од неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ, со образложение дека не е запознаен со сите аргументи и докази со кои располага раководството на ВМРО-ДПМНЕ, а врз кои се донесени ваквите одлуки.

„Ќе се воздржам од коментари затоа што можам да погрешам во една или друга насока“, рече Груевски.

Сепак, Груевски истакна дека посакува силно, обединето и победничко ВМРО-ДПМНЕ кое, како што рече, „брзо ќе го урне ова зло кое што го има во Македонија“.

„Се покажа и се покажувало и во минатото, дека секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е силно – силна е и Македонија. Убеден сум дека и граѓаните го посакуваат тоа“, изјави Груевски.

Прочитајте и:  Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка
- Реклама -