Судија за извршување санкции при Основниот Суд Скопје 1 ја одби молбата на Никола Груевски за одложување на затворската казна, соопшти Основниот суд Скопје 1.
Поранешниот премиер Груевски е правосилно осуден на двегодишна затворска казна во предметот на СЈО „Тенк“ и според упатниот акт на судот треба да се пријави во затворот во Шутка најдоцна до 8 ноември.
Одлуката на судијата за извршување санкции е испратено до Груевски, кој има право на жалба во рок од три дена до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1.
Sdk.mk