Фејсбук статус на експремиерот Никола Груевски, одговор на објавата на експремиерот Зоран Заев
Пред малку ми јавија дека Заев нешто објавил на социјалните мрежи каде неколку пати ме спомнал.
Веднаш си помислив дека дал некаков одговор или објаснување за криминалот на владата под негово водство со ОКТА, Иловица, Казандол, Фени, клинички Центар, Аеродромот во Штип или нешто друго за кое неодамна пишував.
Се испостави дека ќе морам по втор пат еден мој фб статус да започнам со легендарната мисла на славниот основач на психоанализата Зигмунд Фројд кој вели:
“Првиот знак на глупоста е целосното отсуство на срам”.
Молк за криминалот и корупцијата со овие нечесни зделки погоре! Ни збор за тоа! Милионски штети за државата.
Еве денес излезе дека италијанската компанија која го доби тендерот за клинички центар бара на арбитража 20,5 милиони евра оштета за раскинатиот договор без причина од страна на владата, а нов не се изгради и е далеку од почнување. Тоа е направено по директна негова наредба до Филипче заради хирови и комплекси дека се што било започнато од мене од односно од владата која ја предводев требало да се стопира и да докажел дека можел и подобро. Еве видовме колку може. Нов клинички нема а 20,5 милиони евра ќе си платиме од парите на народот за хировите на Заев и од планот со градба на во клинички центар на друга локација, по процедура за јавни набавки која се употребува само за избор на пејачи за нова година, да може да ја “закрпи” државата со околу 200-300 милиони евра, бидејќи новиот клинички центар требаше за толку да е поскап. И уште не се откажани од таа идеја. Видовме колку може и што шест години неможат да завршат половина изграден пат меѓу Охрид и Кичево и да не ги редам другите работи бидејќи треба два дена да пишувам.
Овој човек кој на двапати се извлече од одговорност од правдата, еднаш со аболицијата на Црвенковски за криминалот со “Глобал” за кој иако не убедуваше дека е законски, кога дојде оној закон за легализација на диви градби во 2009 година, самиот како градоначалник со негова рака потпиша легализација “Глобал”, и вторпат кога го инсталираа за премиер и мораа да го вадат од случај за барање мито од 100.000 евра со докази кои неможат да бидат поцврсти, гледам дека пак глуми некоја величина па меѓудругото ни порачува да сме се радувале на позитивните меѓуетнички односи.
Со обзир дека заради политичкиот прогон кој тој директно ми го започна сега не сум во Македонија, ве прашувам вас дали вие се радувате на позитивните меѓуетнички односи?
Што е позитивната разликата меѓу времето кога јас ја предводев владата и денес што треба да не натера да се радуваме? Тиранската платформа ли е разликата?
И тогаш имамвме соживот и сега има соживот.
Незнам како тоа изгледа од перспектива на Струмица или на Муртино (незнам каде точно живее Заев сега), но некој не ми се пофалил од Скопје, Тетово, Куманово и другите средини каде имаме мешани етнички население дека се радуваат на некакви позитивни меѓуетнички промени.
Напротив во контактите со многу Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и останати разбирам дека кај сите најмалку тројно е зголемено иселувањето од Македонија бидејќи чуствуваат безперспективност во земјата.
Знам и дека потрошувачката кошничка за сите отиде од 30 на 50 илјади денари, и не сум чул дека некој се радува на тоа, а дека владата неможеше книги за учениците да обезбеди пола година одкако е почната наставата. Освен флоскулата без реална суштина “едно општество за сите” што ја “дробат” политичарите во официјални настани и соопштенија, оние кои ништо не направија за народот, друго суштински важно и што суштински на подобро ги менува нивните животи нема.
Втората теза му е дека тој направи нешто што мене ми било криво дека јас не сум успеал да го направам а тоа е влезот во НАТО. Веднаш да му одговорам дека под овие услови, предавства и понижувања за Македонија и пред се за Македонците може само да ми биде криво, што Грција не доби 100:0 во една 150 годишна битка за макеоднскиот идентитет, македонската историја, име на држава и на јазикот за кој Заев е среќен што се регистрирала некоја НВО во Грција со за нас звучено име, за која таму никој незнае, ниту пак има било какво најмало влијание во тоа општество, во Европа или во светот.
По овие работи гледам дека Заев и понатаму го потценува капацитетот на македонскиот народ и го смета за толку многу глупав што мисли дека на вакви небулози ќе му верува. Да, тој мисли дека мнозинството народ се согласува со глупостите кои редовно ги “треска” и со самото тоа само укажува дека оправдано во овој фб статус по втор пат се повикувам на гореспоменатата мисла на Зигмунд Фројд.
Тој сака да ни каже дека не само што не се срами, туку и се гордее со предаствата на националните интереси, пљачкосувањето, неспособноста и криминалот за кој токму во неговио време Макединија се најде на 108 место во светот само неколку години подоцна одкако бевме стигнати до 69. Место на листата на Transparency International за перцепција на корупцијата.
Тој сака да ни каже дека не се срами ни од довербата на судството и обвинителството која во негово време ја спушти на 4 односно 3 осто доверба.
Не се срами ни од податок објавен дека на анкета на студентите од битолскиот универзитет се покажа дека 80% од студентите планираат по дипломирањеро трајно да се отсечат од Македонија.
Листата е долга и тука ќе ја прекинам. Колку сака нека глуми среќен и задоволен, реалноста е друга. Демократија е, па секоја будала може да каже што сака! Секако и Заев! Но, реалноста е друга!
ПС. А тоа дека несакал да прави пуч во СДСМ и несакал кандидатура за Претседател… тоа е затоа што најверојатно од таму од каде му беше единствениот извор на моќ, засега нема подршка.
Таман и раката на срце да ја ставеше и да се заколнеше како што некогаш правеше за уставот и името, никој веќе не му верува ништо. Неговото име е синоним за измама во Македонија.
Има времиња кога луѓето ти веруваат. Но кога ќе ги измамиш, потоа истото кога го кажуваш, стануваат и си одат.
Поминаа години. Испокраде што можеше и сега нормално е да се плаши и да се правда затоа што допрва треба да се испитува потеклото на парите што ги крие по соседството и пошироко.
Тој сеуште смета на тоа дека заради предавставата на националните интереси ќе биде заштитен, па затоа цело време акцентот му е на тоа дека обезбедил ова или она околу НАТО, ЕУ, соживотот и сл. Таа порака не е толку до народот, туку потсетување до оние кои му беа единствениот извор на моќ и на чиа заштита смета и сметал цело време додека злодела.