Груевски му нуди „помош“ на Заев: Кажи дека Кики и Фрики се функционери на ВМРО, а не на СДСМ

Екс-премиерот Никола Груевски денеска на Фејсбук му даде неколку предлози на актуелниот премиер Зоран Заев, со намера, како што вели, да му помогнел со следното соопштение.

„… обвини ме дека јас, а не ти сум кроел стратегии и организација за систематски државно организиран рекет со милионски суми во канцеларија заедно со Боки, и дека Кики и Фрики биле функционери на ВМРО, а не на СДСМ.
Кажи дека “специјалната” јас ја подучив како предупредувачки да те скочани и замисли да не се најдеш кај Боки пред неа. Кажи и дека оној на Фрики во УБК јас сум го врбувал за да те потсети на некои работи, а дека Кики кој ти беше маша за партиски вработувања и рекет всушност цело време бил навигиран од мене“, пишува Груевски.

- Реклама -