Груевски: Мицкоски зборува дека ќе ме донел во Идризово, тој би бил најсреќен да ме удри некој трамвај во Будимпешта

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, продолжува со нападите (кои според него се во самоодбрана), па по прозивките за Марјан Ѓорчев и Антонио Милошоски (ТУКА и ТУКА), го прозва, уште еднаш, и актуелниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски.

„Разбрав дека ‘крунскиот доказ’ на Мицковски против мене бил некој наводен стенограм од средба на власта кај Пендаровски, каде си правеле ‘крчма без крчмар’. Незнам дали копијата од тој документ е реална, односно дека не е фалсификувана и подметната, но дури и да не е, некој треба да му каже на Мицковски дека ако јас сакав да се пазарам, имав неколку прилики уште додека бев во Скопје, но ги одбив“, пишува Груевски во последната објава на социјалните мрежи.

„Таа дискусија можно е да е мотивирана од фактот што раководството на ВМРО-ДПМНЕ, а пред се Мицковски во многу наврати јавно говори дека ако станел премиер ќе ме апсел, а дека тоа навистина го посакува е фактот не само што нема никаков контакт со мене веќе пет години, туку се најлошо говори на сите за мене, лаже, подметнува, раскажува невистини со голема омрза кон мене, им зборува на луѓе дека тој ќе ме донел во Идризово, изразува нетрпение и видлива фрустрација што воопшто постојам и што сум жив. Очигледно тој би бил најсреќен да ме удри некој трамвај во Будимпешта. Не се јавував јас вчера и денес кај угледни партиски луѓе туку тој со ултиматумот: или ќе ме по држиш, или си со Груевски.

Прочитајте и:  Мицкоски: Ќе направиме се струјата да не поскапи, во најлош случај ќе биде за 3 отсто во третиот и четвртиот блок

И на сето тоа молчам со години.

А на тој човек не верувам дека некој поголеми добрини во животот му направил, освен родителите. Барем така ми велеше додека бев таму на неговата позиција, и кога му соопштив дека ќе давам оставка во партијата а тој ми одглуми некакво бришење солзи со очилата во едната рака.

Нормално е во една таква ситуација, на прикажување на таква одвратност и негативност кон мене, секој паметен политичар од другата страна да размислува да ги искористи комплексите, нечовечноста и егото на актуелниот лидер и да си прави своја крчма, без крчмар“, порача Груевски.

- Реклама -