Груевски: Мицкоски да ја потврди изјавата и да покаже доказ дека сум прифатил „валкан дил“

Поранешниот премиер и азилант во Унгарија – Никола Груевски, се огласи на социјалните мрежи по повод објавата на „Дојче Веле“, во која се вели дека Христијан Мицкоски, во интервју за германски ФАЦ, го обвинува екс-претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за „валкан дил“ со владата, според кој практично тој би добил амнестија, а за возврат треба да помогне да се изгласаат уставните измени, со што и би се поделила ВМРО-ДПМНЕ.

„Во врска со изјавата на Христијан Мицковски за германскиот медиум ФАЦ а поврзано со мене, го повикувам јавно да одговори на следните две прашања:

1. Дали е точно дека тоа го кажал во изјавата за германскиот медиум,
2. Доколку е точно, дали може лично тој јавно да каже со кој мој потег, изјава, натпис или било што јас сум се обидел да ја поделам партијата и да даде доказ дека јас сум прифатил валкана игра со власта која треба да ја спроведам со помош на мои приврзаници во партијата.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

Се надевам дека одговорот ќе е јасен, недвосмислен, директен и личен исто како и изјавата, без префрлање на изјави на преставници на партијата, портпароли, давање брифинзи на портали или други медиуми со кои има блиска соработка“, напиша Груевски на Фејсбук.

За разлика од насловот и најавите, во изјавите на Мицкоски цитирани во текстот не е најјасно дали тој алудира дека Груевски прифаќа таква зделка или едноставно тоа се само обиди на власта.

„За да издејствува уставни измени, владата подготвува валкани дилови, тврди Мицкоски. Таа планира да му вети кривична неказнивост на во Унгарија побегнатиот поранешен премиер Никола Груевски за тој да се врати и да помогне, со помош на неговите поддржувачи, уставните измени да поминат во Парламентот.

‘Груевски се наоѓа во тајна комуникација со владата’, тврди Мицкоски. ‘Владата верува дека може да ја подели нашата партија.’ Но, тоа нема да успее, уверен е шефот на опозицијата“, стои во текстот на „Дојче веле“.

- Реклама -