Груевски ја доставил оставката во Собранието, на унгарски

Азилантот Никола Груевски уште во средата (5 јуни) ја доставил најавената оставка од пратеничката функција до македонското Собрание, потврди собранискиот спикер Талат Џафери за МИА.

Истата била доставена со нотарски акт, а во моментов е на преведување бидејќи Груевски ја испратил на унгарски јазик.

Оставката ќе биде разгледана на понеделничката координација на Џафери и пратеничките групи, кога ќе биде и одлучено дали ќе биде ставена на дневен ред на првата наредна седница во вторник (11 јуни), со оглед дека за истата седница е закажана и постапката за одземање на неговиот пратенички мандат, по препорака од Комисијата за мандатно имунитетни прашања.

Доколку оставката биде ставена на дневен ред, се очекува да биде поддржана и од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, со оглед дека е по лично барање на нивниот почесен партиски лидер, а за доброто на партијата, како што вели Груевски.

 

- Реклама -