Груевски: Бугарија бара 11 Октомври да означува граѓанска војна во Македонија

Со честитка за празникот 11 Октомври денеска се огласи и експремиерот во азил/бегство – Никола Груевски. На овој ден во далечната 1941 година, вели тој, започна отпорот против фашизмот и Народноослободителната борба во Македонија, која резултираше со триумф на 2 ти август 1944 година и со втемелувањето на државноста во форма на Република во рамките на Југословенската федерација. Тоа е периодот на партизанската епопеја по кој Македонија и Македонците го реализираа својот вековен стремеж и сон на многу претходни генерации борци и жртви за слободата на Македонија, пишува Груевски.

Понатаму, тој го коментира и односот на Бугарија, додавајќи дека ако се оди по логиката на бугарската страна, тогаш на 11 Октомври во Македонија започнала граѓанска војна:

„Во ова време на брутално и бескомпромисно негирање и прогласување за фалсификат на постоењето на македонскиот јазик, нација и особено посебноста како народ различен од бугарскиот пред 1944 година, денешниот наш празник од нашиот источен сосед за жал не само што се интерпретира поинаку, туку во духот на договорот за пријателство, се бара 11 Октомври да го означува почетокот на граѓанската војна помеѓу двете идеолошко спротиставени страни на бугарското население во Македонија, а кои по војната со сила и терор биле помакедончени“, констатира Груевски.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Понатаму тој изразува надеж дека „бугарската опседнатост со Македонците и со македонската историја ќе заврши што побрзо“ и дека двете држави, „заеднички, а не само Македонија“, ќе се свртат кон иднината и соработката, без меѓусебни негирања и навреди.

Во постот Груевски споделува и текст објавен во францускиот весник „Л Матан“ во 1923 година, еден од најголемите четири француски весници во тоа време, во кој, како што посочува, се истакнува посебноста на Македонците од Бугарите и се прави јасна дистинкција меѓу „Македонци“ и „македонско“ и „Бугари“ и „бугарско“. Прочитајте во продолжение:

- Реклама -