Груби со видео-поддршка за лидерот на ДУИ: „Финалната битка на Али Ахмети – победник во сите битки“ (ВИДЕО)

Првиот заменик на премиерот Зоран Заев и десна рака на лидерот на ДУИ – Артан Груби, објави видео со поддршка за Али Ахмети додека тој е во седиштето на ЕУЛЕКС во Приштина и дава исказ пред Специјалното обвинителство за воените злосторства во Косово, во својство на сведок, како еден од основачите на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и учесник во косовската војна кон крајот на 90-те години.

Видеото е насловено „Финалната битка на Али Ахмети – победник во сите битки“, а ги сумира воените и политички дејствувања и постигнувања на лидерот на ДУИ – од студентските протести во Приштина во 1981 година, преку војувањето во редовите на ОВК, па потпишувањето на Охридскиот договор, територијалната поделба, албанското знаме, албанскиот јазик, поставувањето Албанец за претседател на Собранието и зачленувањето на Македонија во НАТО, па сѐ до поставувањето на премиер Албанец, како што се тврди во видео-записот.

Прочитајте и:  Честитка од Ахмети за Денот на албанската азбука: До вчера го унапредувавме, денеска мора да го браниме албанскиот јазик 

Извор: Плусинфо

- Реклама -