Груби се пофали со двојазични полициски униформи: „Уште една успешно завршена мисија, како што ветивме!“

„Уште една успешно завршена мисија, како што ветивме! Веќе се спроведуваат во пракса измените на Уредбата за употреба на албанскиот јазик во полициските униформи и нивните симболи кои ги усвоивме претходно на владина седница“, напиша на Фејсбук првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците – Артан Груби.

Тој сподели неколку фотографии од полициски униформи и возила со „двојазични“ амблеми – на македонски, на албански, и на англиски, вклучително и на сообраќајната и граничната полиција, како и интервентната полиција.

Прочитајте и:  МВР потврди - отвориле предмет за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски
- Реклама -