Дојден е крајот на заложништвото на иднината на граѓаните и на блокадата на европското интегрирање на државата, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците – Артан Груби, денеска, во обраќањето во Прилеп на поставувањето камен-темелник за изградбата на автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10д.
„Подгответе се и качете се сите на овој воз што вози кон Брисел и кој никој нема да го запре“, порача Груби.
„Фактот дека сите министри и апсолутното мнозинство на пратениците стојат зад овој проект, е најголема гаранција за сите граѓани дека ниту Мицкоски, ниту Свети Мицко ќе може да го запре овој прект. Овој проект продолжува и сите влади, а следната ќе биде истата како денес, ќе го заврши овој проект и ќе ги пресече лентите. Тоа што го гледате денес во Собранието и тоа што пред една недела го направи Владата на седница, е порака дека е дојден крајот на заложништвото на Собранието, на проектите и на иднината на граѓаните и на Северна Македонија. Оваа владина коалиција и ова парламентарно мнозинство од минатиот петок демонстрира што значи да се стави крај на апсолутната блокада и заложништво на иднината на граѓаните. Тоа нема да се толерира и се демонстрира дека е дојден крај“, истакна Груби.
Извор: МИА