Груби на средба со претседателот на Уставен суд: Правичната застапеност е еден од најитните приоритети на Судот

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија – Сали Мурати, денеска остварил работна средба со првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците – Артан Груби.

Како што информираат од Уставен, на средбата станало збор за начините за целосно остварување на уставната позиција на Судот, како независен и самостоен орган на Републиката кој ги штити уставноста, законитоста и слободите и правата на човекот на граѓанинот и е гарант за владеење на правото во државата.

Во таа смисла, од страна на претседателот Мурати било укажано и на активностите кои би можеле да се преземат од страна на Владата како носител на извршната власт, со цел да се остварат овие врвни цели на едно демократско општество, секако во рамките на своите надлежности.

Прочитајте и:  Села ги повика граѓаните да протестираат за „удирањето“ по балансерот, бара и во Уставниот суд да се гласа по Бадинтер

Мурати го запознал Груби и со она што во овој период е преземено во рамките на Судот за реализација на уставното начело на соодветна и правична застапеност и за постоењето единственост во ставот помеѓу сите судии дека ова е еден од основните и најитните приоритети на Судот.

На крајот на средбата, Мурати ги презентирал тековните меѓународни активности во рамките на различните форуми и организации во кои учествува Судот, а кои меѓу другото се и можност за размена на искуства помеѓу уставните судови од различни држави, но и промоција на државата во целост, се вели во соопштението.

- Реклама -