Груби: ДУИ и да излезе од владата ќе биде најголема опозициска партија и ќе добие министерства како МВР, МТСП итн…

„Нема да има предвремени парламентарни избори, ќе одиме на редовни парламентарни избори. Ако пропадне гласањето, за жал пропаднала европската иднина на нашата заедничка земја“, вели вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, во пресрет на дебатата за уставните измени во матичната собраниска комисија.

Во гостување на вестите на „Канал 5“, Груби изрази уверување дека тоа не би го дозволил кој било, вклучително и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Убеден е, како што рече, дека таа партија е европски ориентирана.

Груби оцени дека сите знаеме дека мора да пристапиме кон техничката измена на Уставот и, како што вели, сите сме виделе дека уставните амандмани се апсолутно технички и никој во општеството, тврди, освен опозицијата, не реагирал на текстот на уставните амандмани.

„Само таму имаше реакција и тоа политичка, не по однос на содржината на уставните амандмани, туку политичка, за дневна политика“, изјави, меѓу другото Груби.

Прашан дали ДУИ се подготвени да излезат од Владата доколку тоа е „цената што треба да се плати“, Груби потврди дека се подготвени не само да излезат од Владата, туку и да се откажат од прв премиер Албанец, како и од Пржинска Влада, затоа што, вели, ДУИ тогаш би била најголемата опозициска политичка партија во Собранието и според тоа би требало да има министер за внатрешни работи, за труд и социјала итн…

Прочитајте и:  Муцунски: Ќе продолжиме да работиме на патот кон ЕУ и да испорачуваме резултати

„Од сето тоа да се откажеме и да одиме или на предвремени избори веднаш по гласањето на уставните измени или да одиме на редовни избори. Ако им се седи во Влада уште една година, пет, шест месеци, 10 месеци колку има, нека си седат во Владата, само нека гласаат за уставните измени. ДУИ во истиот тој момент од изгласувањето на уставните амандмани, излегува од Владата и им овозможува да владеат без ништо од тоа што очекуваме до крајот на мандатот“, рече Груби, иако барањето на ВМРО-ДПМНЕ за влада без ДУИ се однесуваше само на комбинација во која уставните измени би стапиле на сила со самото членство на Македонија во ЕУ, а не порано.

- Реклама -